КСД Македонија © 2015

 

АКТУЕЛНО       ИСТОРИЈАТ      AКТИВНОСТИ      YO      РАЗНО      КОНТАКТ

#f6dd74

 

КСД Македонија во Малме на 21 Ноември 2009 славеше 40-годишен јубилеј.

 

Друштвото е формирано на 20:ти Ноември 1969 година и почна со својата дејност на доброволна основа и демократски принципи на организирање.

Работи идеално без никаков политички карактер и е отворено за сите македонци што се наоѓаат во Малме, Шведска.

Друштвото е едно од најголемите во Македонскиот Сојуз во Шведска. Истовремено е едно од најголемите македонски организации за доселеници во западна Европа.

 

Во својата долга историја, друштвото има развиено соработка со различни институции, организации и друштва во Шведското општество, како на пример „Malmö Fritid, ABF, Studieförbundet Vuxenskolan„, други друштва и клубови на други народи кој живеат во Малме и организации и друштва надвор од земјата.

 

Исто така друштвото има соработка со Македонскиот Национален совет на жени од Р. Македонија, како и македонски женски организации и во светот: Канада, Швајцарија, Хрватска, Финска и др.

Се одржуваат и курсеви за младите и жените кои се организираат од потребите и нивните барања, како и литературни средби, како и фудбалскиот турнир на КСД Македонија.

 

Цели на друштвото...